[ФОТО/ВИДЕО] „Без зборови сме“: Како астероидот Бену можеби донел клучни состојки за животот на Земјата
Вселенските карпи кои неодамна пристигнаа на Земјата со помош на сонда би можеле да дадат одговори на некои од најважните прашања за вонземскиот живот и човечкото постоење, пишува Гардијан. Пред неколку милијарди години, на самиот почеток на Сончевиот систем, влажен и солен свет кружел околу Сонцето. Потоа доживеал катастрофален судир со друго тело